Федерер: Решив да се повлечам зашто не верувам дека можам повеќе да играм!


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Швајцарскиот тенисер Роџер Федерер кажа дека донел одлука за пензија бидејќи не верува дека може да игра на врвно ниво поради големиот број повреди во последно време.

Федерер ќе настапи на Лејвер Купот во Лондон од 23 до 25 септември, по што официјално ќе замине во пензија, а ова ќе му биде воедно и прв настап по минатогодишниот Вимблдон и операциите на коленото.

„Минатите години ми беа многу тешки. Се обидов да се вратам, но поради повредите не можев да играм на највисоко ниво. Искрено, престанав да верувам во себе“, вели Федерер.

Швајцарецот оди во пензија со 103 титули од кои 20 се гренслем-трофеи, додека 310 недели мина на првата позиција на АТП.