Федерер се налути на новинарите откако му беше кажано дека Ѓоковиќ веќе го освоил Австралијан Опен


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Швајцарскиот тенисер Роџер Федерер беше доста лут на вчерашнатапрес-конференција по мечот против Новак Ѓоковиќ во полуфиналето на Австралијан опен.

Роџер претрпе пораз од 3:0, но тоа не беше причината за неговиот гнев, туку фактот што новинарите му пренесоа дека некои сметаат дека Новак веќе го освоил Австралијан опен и дека не е важно кој ќе биде неговиот ривал во финалето.

Роџер бил многу лут затоа што не се согласувал. Тој верува дека Доминик Тим и Александар Зверев сигурно ги имаат своите шанси. Тој ги праша новинарите имињата на луѓето кои веќе го прогласија Новак за победник.

„Кои се овие луѓе што сериозно зборуваат за ова“, праша Роџер, а новинарите му рекоа дека „сè се чита во медиумите“. Тој тогаш рече:

“Луѓе, барем дајте ми ги имињата на оние што го пишуваат. Вие многу добро знаете дека секој има шанса. Секој натпревар мора да се игра. Еден дел од вас новинари нема почит кон Теми, кој го одигра мечот за соништа против Надал и кој ме победи последните три пати. Исто така, Зверев, исто така, нема што да изгуби. Сега, вие го знаете моето мислење“, рече тој.

Инаку, Тим и Зверев играат денеска во полуфинален дуел од 9:30 часот, а рака на срце јасно е дека и двајцата ќе бидат комплетни аутсајдери во финалето против Ѓоковиќ.

Да потсетиме дека ниту еден од нив сè уште не освоил Гренд Слем во кариерата, а Новак има земено само седум титули на Австралијан Опен.