Феноменалните партии за Ајакс го сторија своето: Неколку европски гиганти со интерес за Нереш


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Фудбалерот на Ајакс, Давид Нереш е името кое доста се врти во медиумите во последно време.

Младиот 22 годишен фудбалер игра одлична сезона зад своето име во која на вкупно 44 натпревари запишал 12 погодоци и 14 асистенции.

Ваквите бројки го препорачаа фудбалерот на Ајакс на неколку европски гиганти, а за него интерес има од Ливерпул, Евертон и Борусија Дортмунд.

„Билд“ пренесува дека Дортмунд ќе загризе за Давид Нереш кој би требало да пристигне на „Вестфален“ како замена за Кристијан Пулишиќ.