Ферари потврди дека Фетел си заминува, а сега прави сензација што ќе ја потресе Формула 1


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Себастијан Фетел ќе го напушти Ферари на крајот на оваа сезона, откако не успеа да се избори за нов договор.

Преговорите меѓу Ферари и Фетел траеја уште од минатата година и се чинеше дека германскиот возач ќе остане во овој тим, но нема да има ништо од тоа. Ферари утрово потврди дека не е постигнат договор и дека Фетел ќе го напушти италијанскиот тим на крајот на оваа година.

Фетел пристигна во Ферари во 2015. година и се очекуваше да го врати овој тим на тронот, но тоа не се случи. Германецот не помина точно како што очекуваше и очигледно реши да се обиде на друг тим.

Заминувањето на Фетел го поставува прашањето кој ќе дојде на неговото место во Ферари. Веќе се шпекулира дека Ферари ги посакува Карлос Саинз или Даниел Рикиардо, но се појавија и интересни вести.

Имено, англиските медиуми пренесуваат дека Луис Хамилтон би можел да дојде во Ферари, што навистина би било сензација. Хамилтон доминира со Мерцедес со години, но Ферари сигурно би бил најголемиот предизвик што може да го добие.

Неодамна се шпекулираше дека Хамилтон сакал да дојде во Ферари, но тој тогаш ги негираше овие наводи и рече дека ќе остане во Мерцедес. Но, како што многумина велат каде има дим има и оган.