Фердинанд: Пеналот врз Меси? Тоа е срамота за фудбалот!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Аргентина ја совлада Полска со 2-0 и обезбеди осминафинале на Мундијалот во Катар, но во првото полувреме беше досуден спорен пенал кој е главна тема и по натпреварот.

Лионел Меси не го реализираше ударот од белата точка во 39. минута откако одличниот Војчех Шчесни успешно му го одбрани шутот.

Легендарниот англиски фудбалер Рио Фердинанд кој работи како стручен консултатнт за „Би-Би-Си“ кажа дека ВАР-технологијата направила грешка.

„Пеналот врз Меси? Тоа е срамота за фудбалот. ВАР не го воведовме за тоа. Шчесни едвај го допре Меси и тоа не беше пенал“, кажа Фердинанд.