Фергусон откри зошто создавање на Суперлига би било лошо за сите!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Легендарниот тренер на Манчестер јунајтед, Алекс Фергусон не ја поддржува идејата за формирање на Суперлига и смета дека англиските клубови не треба да учествуваат во такво натпреварување.

Идејата ја смисли претседателот на Реал Мадрид, Флорентно Перез, но таа е далеку од реализација.

„Премиерлигата е најдобра лига во светот. Зошто англиска екипа би играла во Суперлигата? Тоа не можам да го замислам. Многу клубови би исчезнале ако нивните ривали од Премиерлигата си заминат“, порача Фергусон.

И претседателот на УЕФА, Александар Чеферин има остар став кон оваа идеја, па потврди дека не е добра идејата да се здружат најбогатите клубови во светот и да направат друга лига.