Феринанд: Залудно кревате врева, Јунајтед не преговара со Покетино!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Тренерот на Манчестер јунајтед, Оле Гунар Солскјер, често е мета на критики од навивачите и медиумите поради лошите резултати.

Јунајтед не игра како што се очекува од него, а Норвежанецот уште е на тренерската клупа, а очигледно таму и ќе остане, иако се појавија шпекулации дека наскоро ќе биде заменет од Маурицио Покетино.

„Ова е непочит кон Солскјер. Постојано се шпекулира за преговори со Покетино, но јас знам од сигурни извори дека такво нешто нема и клубот не би му го направил тоа на сегашниот тренер. не е убаво да се пишува така за него“, вели Рио Фердинанд, легендата на „ѓаволите“.

„Ѓаволите“ во моментов се наоѓаат на 14. позиција во Премиерлигата со 10 освоени бодови.