Фернандеш го кажа условот за да остане во Манчестер јунајтед


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Португалскиот фудбалер Бруно Фернандеш сè почесто се поврзува со заминување од Манчестер јунајтед поради тоа што премиерлигашот има ужасна сезона и би можел да остане без место во европските купови следната сезона.

Фернандеш го кажал единствениот услов за да остане кај „црвените ѓаволи“, а тоа е клубот да покаже желба да го задржи во иднина и да го вклучи во идните планови.

„Чувствувам дека клубот сака да бидам дел од иднината, не сакам да бидам некаде каде што не ме гледаат во нивните планови. Ако не ме сакаат поради било која причина, тогаш ќе заминам ова лето“, кажа Фернандеш.

Португалецот оваа сезона постигна 15 гола и 12 асистенции на 46 меча во сите натпреварувања.