Фернандеш откри што донел Тен Хаг на „Олд Трафорд“


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Португалскиот репрезентативец Бруно Фернандеш во интервју за медиумите кажа дека новиот тренер Ерик Тен Хаг донел дисциплина во соблекувалната на Манчестер јунајтед.

„Црвените ѓаволи“ ја почнаа сезоната на ужасен начин, но потоа стигнаа добрите резултати и Јунајтед се искачи на петтата позиција во Премиерлигата.

Фернандеш вели дека најзаслужен за тоа е тренерот Тен Хаг и неговиот начин на работа, кој донел дисциплина во соблекувалната.

„Има одличен стил. Мора да ги следите неговите правила. Тен Хаг е строг и тоа ми се допаѓа. Тоа донесе дисциплина во тимот и затоа стигнаа добрите резултати. Вакво нешто му недостигаше на клубот. Гвардиола и Клоп во нивните тимови го прават тоа со години“, вели Фернандеш.