Фернандеш со два гола ја однесе Португалија во осминафинале на СП (Видео)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Португалија славеше против Уругвај со 2-0 во второто коло на Светското првенство (СП) во Катар и се пласира во осминафинале, а два гола постигна Бруно Фернандеш.

Двата гола беа паднаа во второто полувреме, и тоа најпрво во 54. минута кога сите во прв момент помислија дека Кристијано Роналдо ја допрел топката за да влезе во мрежата на Уругвај, но потоа голот му беше препишан на Фернандеш.

Истиот фудбалер стрелаше и вторпат во судиското надополнување, и тоа од пенал кога чуварот на мрежата на Уругвај го испрати на погрешната страна.