Ферстапен е најплатен возач во Ф1, а зад него се Хамилтон и Леклер


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Формула 1 се враќа на програмата од овој викенд со трката за Големата награда на Бахреин, а пред возбудувањата беа објавени податоци за платата која ја добиваат возачите.

Најплатен за 2024 година е актуелниот шампион Макс Ферстапен со 55 милиони евра, додека Луис Хамилтон ќе заработи 10 милиони помалку, а на третата позиција е Шарл Леклер.

Потоа следат Џорд Расел со 18, Фернандо Алонсо со исто толку, Серхио Перез заработува 14, а Карлос Саинц ќе добие 12 милиони евра.

На деветтата позиција е Валтери Ботас со 10 милиони евра, а топ-10 ги затвора Даниел Рикардо со седум милиони евра.