Ферстапен може да стане шампион на трката во Сингапур


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Возачот на Ред Бул, Макс Ферстапен би можел да ја освои втората титула во Формула 1, и тоа на трката за Големата награда на Сингапур, која се вози в недела.

Трката во Сингапур е прва во која Ферстапен може математички да ја обезбеди титулата пред Шарл Леклер, Карлос Саинц, Серхио Перез и Џорџ Расел.

Ферстапен мора да победи во Сингапур, а Леклер треба да заврши под осмата позиција или под седмото место ако Холанѓанецот слави и има најбрз круг на трката.

Леклер, сепак, вози одлично и нема да се предаде толку лесно, па би можел да му ја отежни работата на Ферстапен кој се надева дека ќе се закити со втората титула што е можно побрзо.