Фетел од следната сезона ќе вози за Мекларен!?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Возачот на Астон Мартин на Големата награда на Австрија остана без шанса за бодови откако имаше контакт со Пјер Гасли.

Фетел е на 14. позиција со 15 освоени бодови по 11 трки во Формула 1, а на крајот на сезоната му завршува соработката со тимот, по што планира да си замине.

Германецот најверојатно ќе вози за Мекларен од следната сезона затоа што екипата не е задоволна од Даниел Рикардо, кој сезонава се покажа како големо разочарување.

Договорот на Рикардо трае до 2024 година, но во случај на лоши резултати до крајот на сезоната би можел да добие отказ, а Фетел претходно кажа дека сака да се бори за победи, но тоа не е возможно со неговиот болид на Астон Мартин.