ФФМ ги пушти билетите за Грузија и Гибралтар – цените се од 250 до 350 денари!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Фудбалската репрезентација на Македонија во следните денови ќе одигра два меча во Скопје, а првиот се игра против Грузија в четврток од 20.45 часот, додека вториот е со Гибралтар в недела од 17 часот.

ФФМ ги пушти билетите во продажба, па така тие се продаваат за цена од 250 до 350 денари и може да се купат ТУКА.

Македонија по две одиграни средби во Лигата на нации се наоѓа на втората позиција со четири бода, додека лидер е Грузија со шест бодови.