Фиго по 20 години ја отвори душата за трансферот во Реал Мадрид


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Португалскиот фудбалер Луис Фиго пред 20 години го изненади фудбалскиот свет кога ја напушти Барселона и потпиша за најголемиот ривал Реал Мадрид.

Фиго тогаш беше еден од најдобрите фудбалери на каталонскиот клуб, а потоа во 2000 година направи потег, кој навивачите на Барселона нема никогаш да му го заборават.

Португалецот направи „предавство“, кое за Фиго засекогаш ја затвори вратата на каталонскиот клуб, но тој не жали поради тоа.

Во разговор за шпански „Спорт“ порача дека не очекувал навивачите на Барселона да имаат толку голема омраза кон него.

„Луѓето во Барселона заборавија една работа, а тоа е дека јас во клубот дојдов наместо Лаудруп, кој тогаш се пресели во Реал Мадрид. Не се сеќавам дека него го гаѓаа со стаклени шишиња и свинска глава кога се врати на Камп Ноу. Знаев дека ме чека пекол, но тоа што го направија навивачите беше срамно“, кажа Фиго.