Филип Миркуловски останува во Вецлар уште две години , но со нова улога


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Поранешниот репрезентативец на Македонија, Филип Миркуловски доби нов договор со својот клуб Вецлар, но со нова улога. Тој ќе биде асистент тренер и играч на тимот. 

36-годишникот во наредните две години ќе остане во екипата како помошник тренер , а по потреба ќе може и да настапува. 

Оваа одлука ја потврди и еден од директорите на клубот. 

„Навистина сме среќни што Филип ќе остане со нова улога и ќе може активно да придонесе на тимот. Тој е вистински професионалец, како на теренот, така и надвор од него. Нашите тренери можат само да добијат со неговото искуство. Миркуловски во иднина ќе му помага на стучниот штаб во секојдневната работа“, истакна Бјорн Сеип.

Самиот Миркуловски изјави за клупскиот веб страница и потенцира дека е благодарен на Вецлар. 

„На моите години со сигурност морате да се размислите што ќе правите по крајот на кариерата. Затоа сум благодарен на Вецлар што ќе ми дадат шанса за нова улога од лето. Мислам дека ќе имам што да пренесам на младите играчи со моето искуство, особено на плејмејкерите. Новата улога ќе биде и нова територија за мене, па ќе морам да работам во различни дирекции, но едвај чекам“, истакна Миркуловски.

Нашиот поранешен репрезентативец игра во Вецлар од 2015 година, кога пристигна таму по трансферот од Хановер. Од тогаш тој е мозокот на екипата и е важен играч, а потоа стана и капитен на тимот.