Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Репрезентациите на Германија и Италија ќе играат апсолутно дерби во досегашниот еел од ЕП во Франција.
Тоа се двете репрезентации кои, раката на срце, покажаа далеку најмногу на ова ЕВРО и со право овој меч може да се нарече финале пред финале.
Ова што е важно да се напомене, е неверојтниот факт кој вели дека Германија никогаш во својата богата историја не ја совладала Италија на сите големи натпреварувања, а се сретнале дури осум пати.
На минатото ЕП во 2012 година, Италија славеше со 2:0, додека шест години порано, Италијаните на Германците го нанесоа најтешкиот пораз на првенствата каде што Германците беа домаќините и главни фаворити на турнирот. Во таа 2006 година Италија ја освои титулата шампион на светот.