Финалето во ЛШ доби нов домаќин!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Европската фудбалска унија (УЕФА) реши да му ја одземе организацијата на Истанбул и да го пресели финалето во елитното натпреварување во Порто.

Лигата на шампиони требаше да се игра на 29 мај во Истанбул, но УЕФА објасни дека мечот ќе се пресели на „Драгао“ поради лошата епидемиолошка ситуација во Турција.

Постоеше можност натпреварот да се игра и на „Вембли“ затоа што во финалето ќе се соочат две англиски екипи, но британската Влада не дозволи присуство на навивачи.

Во Порто ќе има по 6.000 навивачи на двата тима, кои ќе се борат за трофејот во елитното натпреварување.