Фјури: Ако сакате борба, чекам одговор најдоцна до 1 септември!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Тајсон Фјури, светскиот шампион во ВБЦ, даде рок на заинтересираните страни за борба со Александер Усик, кој пред неколку дена го совлада Ентони Џошуа.

Фјури кажа дека имаат уште седум дена за да ја испратат својата понуда, по што нема да размислува за враќање во рингот по 1 септември.

„Имате рок седум дена, до 1 септември да ги испратите парите. Ако не сакате, ви благодарам. Се повлекувам како што најавив. И секако сите понуди мора да бидат потврдени од мојот адвокат Роберт Дејвис. Потпишани со доказ дека ќе бидат исплатени“, напиша Фјури на Твитер.