Фјури сака три бокс-меча во 2023 година!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Британскиот боксер Тајсон Фјури реши да се повлече од боксот во април по победата против Дилиен Вајт, но не издржа долго без спортот, па повторно се враќа во рингот.

Шампионот договори пресметка против Дерик Чисора на 3 декември на стадионот на Тотенхем во Лондон, но Фјури не мисли тука да запре затоа што сака дури три меча во 2023 година.

Британецот најверојатно ќе договори борба против Усик по битката со Чисора, а ако украинскиот боксер не се согласи на такво нешто, тогаш постојат уште неколку кандидати за меч.

„Ако Усик го одбие мечот во февруари, тогаш ќе договорам борба со Џо Џојс. Следната година ќе се борам три пати. Џо, ти можеш да бидеш еден од противниците“, кажа Фјури.