Фјури за борбата со Усик: Ја гледав борбата и одговорот е ист – победата е моја!


Неубедливата Англија против Словачка, Шпанија против големата сензација! ↓↓↓


Поранешниот шампион во ВБЦ во тешка категорија, Тајсон Фјури не може да го прифати поразот од Александар Усик, односно смета дека победил во борбата.

Фјури вели дека судиите донеле погрешна одлука за борбата на 18 мај.

„Ја гледав борбата неколку пати и мојот одговор е ист, а тоа е дека победив. Дури и Усик знае дека не ме победи, мислам дека добив повеќе од рундите“, кажа Фјури.

Реваншот меѓу Усик и Фјури е закажан на крајот на годината, односно на 21 декември.