Флик не може да верува дека испадна од Купот: Ова е големо разочарување…


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Баварскиот гигант Баерн Минхен беше поразен од второлигашот Кил по пенали со 5-6, а повторно одбраната на тимот на Ханси Флик изгледаше очајно.

Ова е големо изненадување затоа што Баерн испадна рано во Купот, а такво нешто им се случило пред повеќе од 20 години, по што Флик не го криеше разочарувањето.

„Ова е голем шок за нас. Многу сме разочарани. Нивниот прв гол е ист како тие што ги примаме во последните неколку натпревари. Не ги браниме добро тие ситуации, додека при вториот гол немавме доволно дефанзивци. Мораме да играме подобро во одбрана, да правиме поголем притисок врз ривалите. Мора да го надминеме овој пораз и да продолжиме со работа“, порача Флик.