Флик замина во Лондон, но не да преговара со Челси, туку друг гигант


Србија прв тест за "големиот" најскап фаворит! Холандија во проблеми! ↓↓↓


Германскиот тренер Ханси Флик нема да стане нов тренер на Челси, иако се шпекулираше за такво нешто во медиумите.

Раководството на Челси ги изненади навивачите, откако реши на крајот на сезоната да го отпушти Маурицио Покетино.

Флик беше забележан во Лондон и многумина се надеваа дека преговара со Челси, но тој бил на состанок со управата на Барселона.

Чави Ернандез очигледно нема да го тренира каталонскиот гигант од следната сезона, иако се најавуваше такво нешто, меѓутоа тренерот го навреди раководството откако кажа дека финансиската ситуација во тимот не е добра.