Фотографијата на Меси од одмор го открива неговиот нов клуб? 📸


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Како гром од ведро небо синоќа беше објавена веста дека Лионел Меси ја напушта Барселона. Прво ја објавија шпанските медиуми, а потоа пристигна и официјална потврда од тимот.

Аргентинецот имаше договор до 1 јули, по што се договорија за продолжување на соработката, но Ла Лига на ѝ дозволи на Барселона да го потпише договорот.

„Мундо Депортиво“ веднаш објави фотографија која еден ден претходно на Инстаграм ја сподели Нејмар и која би можела да даде одговор на некои прашања.

На фотографијата се гледа Меси на Ибица со фудбалерите на ПСЖ, Нејмар, Паредес, Верати и Ди Марија, па многумина сметаат дека тимот од Париз ќе биде следен во кариерата на Аргентинецот.

ПСЖ сака да направи тим од соништата ова лето, но тоа нема да биде лесно затоа што фаворит за потписот на Меси е Манчестер сити.