Фрајбург се премисли – ќе поднесе жалба за грешката на Баерн Минхен


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Баерн Минхен вчера славеше со 4-1 против Фрајбург во германската Бундеслига, но во еден момент германскиот шампион имаше 12 фудбалери на теренот.

Фрајбург не сакаше да се жали против оваа грешка на Баварците затоа што смета дека за тие 17 секунди не добиле никаква предност, но сега се премислија и ја објаснија својата одлука.

Ривалот на Баерн реши да поднесе жалба, а притоа објасни дека мора да направи такво нешто поради правилата на германската фудбалска федерација.

Фрајбург не бара победа од натпреварот, туку се жали затоа што мора да направи такво нешто, па сега на Фудбалскиот сојуз останува да ја донесе конечната одлука за случајот.