Франција остана без добар фудбалер: Болни крици и солзи по повреда на тренинг! 🎥


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Француската фудбалска репрезентација е во голем проблем пред осминафиналето на Европското првенство (ЕП). „Триколорите“ играат против Швајцарија в понеденик, а имаат многу повредени играчи.

Тројца фудбалери се повредени и на нив не може да смета селекторот Дидие Дешам. Повреден е Лукас Ернандез, како и резервниот лев бек Лукас Дињ, а сега и Томас Лемар, кој се повреди на последниот тренинг.

Томар со помош на останатите излезе од теренот по повредата на левото колено и најверојатно нема да настапи против Швајцарија.