Француски прволигаш во битка за потписот на Барди


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Македонскиот репрезентативец Енис Барди би можел да си замине од турскиот шампион Трабзонспор по само шест месеци поминати во екипата.

Интерес за македонскиот фудбалер покажаа екипи од Италија и Шпанија, а последен кој се заинтересира за услугите на Барди е Ница.

Засега нема понуда до Трабзонспор од ниту една екипа, но раководството реши да го продаде Барди уште во јануари.

Трабзонспор за услугите на Барди му плати три милиони евра на Леванте.