Французин забележан со Зверев, мораше да се откаже од турнир! (ВИДЕО)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Францускиот тенисер Лука Пуј беше забележан на една свадба заедно со Александер Зверев, кој пред неколку дена вети дека ќе оди во самоизолација.

Видеото како Зверев се забавува набрзо беше тргнато од Инстаграм, но веќе луѓето го објавија на Твитер и сега Германецот го напаѓаат од сите страни.

Сепак, тој не беше единствен на таа прослава, зашто на видеото може да се забележи и Пуј. Французинот требаше да биде учесник на турнирот на кој играат Циципас, Тим и многу други.

Тоа што го направи Зверев е неодговорно и останува да видиме дали ќе се извини поради неговиот потег.