Франција може да здивне: Мбапе нема да оди на операција!


Кој тепа, Ливерпул или Челзи!? ↓↓↓


Килијан Мбапе го скрши носот на дуелот против Австрија (1-0) во првото коло од групната фаза на Европското првенство.

Повредата на Мбапе предизвика загриженост кај Французите затоа што веднаш се појавија шпекулации дека напаѓачот би можел да го пропушти остатокот од турнирот, меѓутоа тоа нема да се случи.

Мбапе беше на медицински прегледи на кои докторите констатираа дека има скршен нос, но ќе може да игра на следните натпревари со заштитна маска.