„Француската лига е добра, но не е мој ранг“


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Еден од најдобрите играчи на светот напаѓачот Златан Ибрахимовиќ пред неколку дена потпиша за Манчестер Јунајтед.

Иако во последните месеци многу се зборуваше за тоа каде својата кариера ќе ја продолжи популарниот Ибракадабра, на таа приказна дојде крај.

Меѓутоа, одма после што стигна на Олд Трафорд изврши медицински прегледи, тој во едно интервју проговори и за лигата во која играше.

„Искрено, не очекував многу кога дојдов во ПСЖ. Не мислев дека ќе постигнам добри резултати со тимот поготово не во Лигата на шампионите. Француската лига е добра, но не е мој ранг, на мене ми треба нешто предизвикувачко“, рече за локалните медиуми напаѓачот на Јунајтед, Златан Ибрахимовиќ.

Ибрахимовиќ ги освои сите можни трофеи со ПСЖ, но не Лигата на шампионите и токму тој трофеј единствено му недостасува.