Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Еден од селекторите на фудбалската репрезентација на Исланд, Ларс Лагербек изјави дека тешко е да се пронајдат слабости во играта на Франција, но и покрај тоа тие се надеваат на подвиг и пласман во полуфиналето.
“Кај секој ривал пред натпреварот сакате да пронајдете добри и лоши работи, а кај Французите е тешко да пронајдете слабости. Не мислам дека е многу важно што некои играчи им се суспендирани, бидејќи тие имаат исклучително квалитетен тим. Сепак се надевам дека можеме да направиме уште еден подвиг”.
“Нашата цел е да победиме во секој натпревар и да дадеме 100% од нашите можности. Можеби звучи како клише, но скоцентрирани сме само на Французите”- изјави Лагербек.
Исланд во недела со почеток од 21:00 часот во Сент Дени ќе игра против домаќинот Франција во четвртфиналето.
“Мораме да се сконцентрираме на нашата игра. Важно е да видиме што можеме да направиме со топка и кога тие не се добро поставени. Напредувавме во секој сегмент против Англија, а сега сакаме против Франција да бидеме уште подобри”- истакна селекторот на најголемото изненадување на шампионатот.