Фубалер на Манчестер Сити му помогнал на Фред да се адаптира на животот во Манчестер


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Иако Манчестер Јунајтед и Манчестер Сити се лути градски ривали, во овие клубови има играчи кои се добри пријатели, а тоа го покажува и последната вест која доаѓа од Бразил.

Фудбалерот од средниот ред на Манчестер Јунајтед, Фред, имаше ужасна прва сезона во клубот од „Олд Трафорд“, меѓутоа оваа година е меѓу најдобрите во клубот и игра редовно под водство на Оле Гунар Солскјер.

Медиумите во Бразил пренесуваат дека кога му било најтешко, Фред добил совети од неговиот сонародник и фудбалер на Манчестер Сити, Фернандињо кој помина сличен пат како него.

И Фернандињо од Шахтјор пристигна во Манчестер, а првата сезона му беше тешка, меѓутоа потоа стана незаменлив во тимот на Пеп Гвардиола. Како што тргнала работата, исто ќе биде и со Фред кој годинава брзо ги освои симпатиите на фановите.