Фудбалер на Атлетико Мадрид позитивен на коронавирусот

Во Шпанија се подготвуваат за продолжување на шампионатот кој како во речиси сите европски земји беше прекинат поради коронавирусот.

Првата фаза од враќањето беше да се открие тоа кој е позитивен на вирусот, а резултатите покажаа дека еден играч на Атлетико го има коронавируот.

Станува збор за бразилскиот играч од одбраната Ренан Лоди кој има Ковиде-19. ОД друга страна девет играчи на „јорганџиите“ развиле антитела на вирусот и се имуни од истиот.

Наводно, Лоди покажувал симптоми на вирусот уште во месец март, по реванш средбата од Лигата на шампионите одиграна против Ливерпул.