Фудбалер на Барса имаше сообраќајка: Пијан го искрши Ферарито и му направи проблем на тимот!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Фудбалерот на Барселона, Артур Мело, кој наскоро ќе се пресели во Јувентус, имаше сообраќајка во која го искрши неговото Ферари.

Како што пишува во извештајот на шпанските медиуми, бразилскиот фудбалер бил под дејство на алкохол во момент кога полицијата излегла на терен.

Против Артур беше почната дисциплинска постапка и тоа е нова главоболка за каталонскиот клуб по дебаклот од Баерн Минхен со 2-8 во четвртфиналето на Лигата на шампиони.

Никој во несреќата не е повреден, но Ферарито со кое управувал Мело е оштетено, а исто така Бразилецот е исфрлен од екипата во моментов.