Фудбалер на Копенхаген обвинет за напад на полицаец! (ВИДЕО)


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Синоќа Копенхаген успеа да го елимининра Селтик, откако во реваншот од нокаут-фазата во Лига Европа славеше со 3-1.

Првиот меч во Данска заврши со 1-1, а синоќа Копенхаген победи со 3-1 во Шкотска. Меѓутоа, стрелец на вториот гол за гостите Михаел Сантош направи проблеми.

Полицајците покрај теренот се обидоа да го запрат да се поздрави со гостинските навивачи при прославата и тогаш Сантош го турнал шкотскиот полицаец и тој паднал на земја.

Шкотските власти решиј дека постојат доволно елементи Сантош да се обвини за напад на полицаец, па еден од „редарите“ на Копенхаген беше обвинет за истиот потег.

„Два мажи, на возраст од 26 и 42 години, се обвинети во врска со наводен напад кој се случил во Шкотска“, соопштија од полицијата.