Фудбалер на Лајпциг понуден на Манчестер Јунајтед


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Угледниот „Билд“ пренесува дека 28 годишниот фудбалер на Ред Бул Лајпциг, Емил Форсберг е понуден на Манчестер Јунајтед.

Доколку „ѓаволите“ сакаат да го ангажираат играчот кој може да покрие на крилните позиции, како и на позицијата офанзивен играч за врска ќе треба да платат сума од 17 милиони фунти.

Форсберг оваа сезона има постигнато девет погодоци и асистирано четири пати во сите натпреварувања во дресот на Лајпциг.

Форсберг е редовен шведски репрезентативец, а за него веќе постои интерес од Тотенхем и Арсенал.