Фудбалер на Ливерпул продолжува во тимот на Борнмут


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Од редовите на Борнмут се на прагот да го ангажираат фудбалерот кој блесна минатата сезона во Чемпионшип лигата.

Станува збор за фудбалерот на Ливерпул, Хари Вилсон кој лани беше позајмен на Дерби Каунти и зад себе остави извонредна сезона.

„Скај Спортс“ пренесува дека играчот веќе ги поминал медицинските прегледи пред и официјално да стави потпис на едногодишна позајмица со клубот од „Виталити“ стадионот.

Презентацијата се очекува да биде извршена во следните 24 часа.