Фудбалерите кренаа глас против Барселона, Куман се обидува да го смири бунтот!

Шпанските медиуми пишуваат дека фудбалерите на Барселона кренале глас против капитенот на екипата, Лионел Меси. Меѓу фудбалерите кои се против Аргентинецот се Марк-Андре Тер Штеген, Рики Пуч, Осман Дембеле, Самуел Умтити и Жуниор Фирпо.

Овие фудбалери сакаат да се реши што е можно побрзо иднината на Аргентинецот за да се смири ситуацијата во Каталонија, а исто така им пречи тоа што капитенот не комуницира со сите фудбалери, туку само со некои.

Меси има договор со каталонскиот гигант до крајот на сезоната, а за неговиот потпис се заинтересирани Манчестер сити, ПСЖ и Интер, па останува да видиме што ќе се случи.

„Како што кажав многу пати до сега, Меси е среќен тука. Тој е многу важен за нас и неговата креативност влијае на сите“, кажа Куман.