Фудбалерите на Ливерпул испратија пораки со охрабрување до Кутињо


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Филипе Кутињо вчера стана играч на Баерн Минхен.

Бразилецот пристигна во редовите на германскиот гигант на едногодишна позајмица со можност за откуп.

Овој фудбалер на Ноу Камп пристигна во јануари 2018 година од Ливерпул, но не успеа да се вклопи.

Неговото заминување од Црвените беше придружено со многу работи, бидејќи тој направи многу за да го напушти Енфилд што е можно поскоро.

Сепак, неговите поранешни соиграчи не го обвинија, а голем број од нив му посакаа среќа преку коментари на Инстаграм.

„Среќно, пријателе“, напиша Енди Робертсон, додека се најдобро му посака Чемберлен. Исто така, имаше и порака од Дејан Ловрен, кој напиша дека е среќен што го гледа како се смее.

Сигурно е дека овие пораки добро му дојдоана Кутињо, кој немаше среќа во Барселона и ќе му помогнат да се чувствува подобро.