Фудбалерите на Ц. Звезда стоеја половина час на дожд по поразот од Лајпциг (Видео)


Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст ↓↓↓


Црвена Звезда вчера на домашен терен загуби од Лајпциг со 1-2 во четвртото коло од групната фаза во Лигата на шампиони (ЛШ), а тоа повторно ги разочара „Делии“.

Навивачката група не им дозволи на фудбалерите да заминат во соблекувалната, па така тие мораа да останат уште половина час на дожд пред навивачката трибина.