Фудбалерот на Ливерпул, Александер- Арнолд влезе во Гинисовата книга на рекорди

Младиот фудбалер на Ливерпул, Трент Александер Арнолд влезе во Гинисовата книга на рекорди поради неговиот минатогодишен учинок.

Имено, 21 годишниот фудбалер на Ливерпул во Премиер лигата запиша 12 асистенции и со тоа стана рекордер дефанзивец којима најмногу асистенции во една лигашка сезона.

Досегашниот рекорд го делеа Лејтон Бејнс од Евертон и поранешниот играч на карамелите, кој исто така играл на левата бековска позиција Енди Хинчлајф.

„Голема чест за мене. Отсекогаш сум сакал да и помогнам на екипата и во нападот, да креирам што повеќе шанси“ –изјави кратко Александер Арнолд.