Фудбалерот на ПСЖ го покажа новото Ферари


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Фудбалерите на ПСЖ беа прогласени за шампиони на Франција минатиот месец откако сезоната беше официјално прекината поради пандемијата на коронавирус.

После два месеци одмор, парижаните вчера ги започнаа подготовките за настапите во Лигата на шампионите кои ги очекуваат во август, но и за новата сезона што е пред нив.

Аргентинскиот репрезентативец Леандро Паредес беше во центарот на вниманието на вчерашниот собир, и тој реши да го покаже својот нов болид.

Паредес пристигна на прозивката со Ферари Ф8 Трибут, кој чини дури 220.000 евра. На овој начин Аргентинецот ги засени Нејмар и другите играчи и покажа дека има вкус кога станува збор за избор на автомобил.