Фудбалска верзија на Усеин Болт се појави во Лондон: Од бегалскиот камп до ѕвезда на Лигата на шампионите (ВИДЕО)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Баерн синоќа се покажа како еден од фаворитите за победа во ЛШ. Баварците му се понижија Челси со сред Лондон со 0-3.

Победата за Баерн ја донесе Серж Гнабри со два гола и Роберт Левандовски. Како и да е, играч на натпреварот беше дефинитивно 19-годишниот Алфонсо Дејвис.

Голобрадиот Канаѓанец со либериско потекло, кој пред неколку години пристигна во Канада како бегалец, доминира по левата страна.

Дејвис синоќа покажа дека може да биде најбрзиот играч во Европа, без никакви дилеми. Уште во 18-та минута, тој ја покажа својата брзина кога пристигна Мејсон Маунт.

Крилниот напаѓач на Челси беше на добра позиција на стартот на вториот дел, сепак, неговите планови повторно беа расипани од Дејвис, кој го спречи да шутира.

Покажа дека е добар во офанзивата во вториот дел кога ги претрча Цезар Аспиликуета и Рис Џејмс како да ги нема.

Тој исто така одигра клучна улога во третиот гол на Баварците, кога по одличен пробив му овозможи на Левандовски да го постигне својот 11-ти гол во Лигата на шампионите оваа сезона.

Фудбалската верзија на Усин Болт синоќа го доби секој дуел, имаше 91% успешни додавања и освои осум топки. Импресивно за некој кој има само 19 години.