Фудбалскиот сојуз ќе даде дозвола: Барселона ангажира нов напаѓач и тоа од Мадрид!?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Барселона избра напаѓач, кој ќе го засили тимот во следните неколку денови. По повредата на Осман Дембеле за кој е завршена сезоната, баш како и за Луис Суарез, Фудбалскиот сојуз на Шпанија ќе одобри дополнителен трансфер на Каталонците.

Каталонците веќе побарараа право на тоа, а веќе избраа и напаѓач, а станува збор за фудбалерот на Хетафе, Анхел.

Искусниот 32-годишен фудбалер има откупна клаузула од девет милиони евра во договорот, па Барселона нема избор освен да ја активира и да го донесе во свои редови.

Анхел сезонава одигра 27 меча во сите натпреварувања и постигна 13 погодоци за Хетафе, па останува да видиме дали ќе се прилагоди во тимот на Барселона.