Фудбалскиот сојуз на Италија ќе му одземе уште 20 бодови на Јувентус?

Фудбалскиот сојуз на Итлаија бара Јувентус да биде дополнително казнет со одземање на уште 20 бодови поради финансиска измама околу платите на фудбалерите за време на пандемијата на ковид-19.

Италијанскиот спортски суд го казни Јувентус пред две недели со одземање на 15 бодови, по што тимот испадна од топ-4 и сега се наоѓа далеку од позициите кои водат во Европа.

Обвинителството бара дополнителна казна, а ако на Јувентус му се одземат уште 20 бодови, тоа ќе значи дека „Старата дама“ ќе падне на последно место.

Јувентус во моментов е на 13. место на табелата во Серија А со 23 бодови.