Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст ↓↓↓
Англија се прости од една од најголемите фудбалски икони. Легендарниот Кевин Киган почина на 75-годишна возраст по тешка борба со ракот.
Киган во јануари годинава откри дека боледува од рак во четврта фаза и започна со лекување, но неколку месеци подоцна ја загуби најтешката битка.
Зад себе остави огромно наследство како фудбалер и тренер. Во 70-тите години беше една од најголемите ѕвезди на англискиот фудбал, а најдобрите моменти од кариерата ги имаше во дресот на Ливерпул, со кој освои низа трофеи.
Во богатата кариера настапуваше и за Хамбургер, Саутемптон и Њукасл, а двапати беше прогласуван за најдобар фудбалер во Европа и ја освои престижната „Златна топка“.
















