Габигол го врати Фламенго на врвот во Јужна Америка (Видео)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Фудбалерите на Фламенго се шампиони во Копа Либертадорес, откако во финалето беа подобри од Атлетико Параненсе со 1-0, а голот за победа го постигна Габриел Барбоса, познат како Габигол.

Човекот кој често во Европа беше критикуван поради неговите настапи и никогаш не се прослави, Габигол ја затресе мрежата на противникот во четвртата минута од судиското надополнување за да ги израдува навивачите на Фламенго.

Претходно Пабло Енрике доби втор жолт картон, па Фламенго мораше цело второ полувреме да игра со фудбалер помалку, но и тоа не ги спречи да запишат победа против Атлетико Параненсе.