Габигол продолжува во Премиер лигата


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Кристал Палас планира да испрати сериозна понуда до Интер за да ги обезбеди услугите на бразилскиот напаѓач, Габриел многу попознат како Габигол.

Клубот од  Лондон планира да му плати 23 милиони евра на Интер, додека фудбалерот би добил понуда со која ќе заработува плата од четири милиони евра годишно.

Освен Кристал Палас, за Габигол има сериозен интерес и од Фламенго, клуб во кој настапува напаѓачот сега како позајмен фудбалер. Овој клуб е подготвен да му понуди на играчот плата од пет милиони евра годишно.

Останува на Интер да одлучи која понуда ќе ја прифати, а потоа и самиот играч треба да донесе одлука дали сака повеќе пари или сака да се проба во една од најсилните светски лиги.