Гаф на водителка на „Скај Спортс“: Тука со нас е голманот на Челси – Тимо Вернер!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


На трката за Големата награда на Австрија триумфираше Макс Ферстапен во болидот на Ред Бул, а трибините беа исполнети до последното место.

Ферстапен доби голема поддршка во денешната трка и заслужено славеше пред останатите ривали од другите тимови.

На трката имаше многу познати личности, меѓу кои и фудбалерот на Челси, Тимо Вернер, кој се наоѓа на одмор.

Вернер пред неколку дена играше со Германија на Европското првенство, но тие испаднаа во осминафинале на турнирот.

Една новинарка на „Скај Спортс“ направи неверојатен гаф кога го претстави Вернер како голман на Челси и репрезентацијата на Германија, иако тој игра како напаѓач.

Вернер беше збунет поради потегот на новинарката, но сепак остана смирен.