Галијани го победи вирусот и ги исплаши сите со неговите зборови!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Поранешниот генерален директор на Милан, а сега раководител на Монца, Адријано Галијани го победи ковид-19, поради кој беше хоспитализиран во болница.

Галијани напиша колумна за познатиот магазин „Кориере дело Сера“ во кое опиша како ги минал деновите во болница.

„Не можев ништо да гледам, имав само ѕид пред себе. Нема прозорци во интензивна нега. Постојат само кревети, мислам дека нема ни купатила. Страдам од клаустофобија и не сакам лифт. Замислете како ми беше во соба без светлина 10 дена. Сакам да им се заблагодарам на докторите и сестрите“, вели соработникот на Силвио Берлускони.

Монца се бори за промоција во Серија А, а засега тоа добро им оди бидејќи по 30 кола се наоѓа на четвртата позиција.